Асоцијацијата
- condividi
Конфиндустија го претставува срцето на италијанските претпријатија, место на средба каде претпријатијата од различни големини се собираат за да го промовираат економскиот, социјалниот и граѓанскиот развоj.
Замислете една голема тркалезна маса, околу која се собираат доброволно преку 150.000 претпријатија, со заедничкка цел да се засили неопходната улога на претпријатието во националниот раст.
Во овој контекст заеднички се одредуваат стратегиите за соработка, со почитување на автономиите и специфичните интереси на секое претпријатие со национални, европски и меѓународни институции, синдикати, истражувачки институти, универзитети и други клучни актери во општеството.
Додадената вредност на Конфиндустија стои примарно во нејзината широка мрежа, што се простира од главното седиште во Рим до територијалните и секторските делегации во земјата и во светот.
Оваа мрежа овозможува постојана размена на информации, искуства и пракси меѓу претпријатијата, со што се допринесува за засилување на италијанската индустрија и на глобално ниво.
Покрај тоа, Конфиндустија го зголеми и своето присуство надвор од националните граници со креирање на партнерски организации во различни делови на светот.
Меѓу нив, Confindustria Assafrica & Mediterraneo, Confindustria Eastern Europe (која ги вклучува Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Северна Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словенија и Унгарија) и Конфиндустрија Русија.
Покрај широката мрежа на врски, Конфиндустија се потпира на два важни стратешки ресурси: Il Sole 24 Ore (“24 часа сонце”) – авторитетен економски дневник национален и најшироко читан во Европа, и ЛУИС – престижен меѓународен универзитет што го промовира иновативното образование во согласност со потребите на пазарот на трудот.
Вредностите за кои се залага Конфиндустија, како што се определени во нејзиниот етички кодекс и кодексот на асоцијативните вредности, го одразуваат ангажман за: законитост, транспарентност, одговорност и корпоративна социјална одговорност.
Овие принципи се основа за градење на здрава економска активност и свесно и вклучено граѓанско општество.
Промовирањето и распространувањето на овие вредности е стратешки цел за Конфиндустија, која се обидува да ги вклучи активно претприемачите и да ги поддржи растот и развојот на италијанските претпријатија во контекст на взаемна почит и соработка.