Системот Конфиндустрија
- Споделете
Конфиндустриjа
Конфиндустриjа, кратенка од „Генерална конфедерација на италијанската индустрија“ е главна асоцијација што ги претставува италијанските производствени и услужни компании со доброволно членство.
Основана е во 1910 година, Confindustria и денес претставува повеќе од 150.000 компании од сите големини вклучувајќи и банкарски институции и јавни претпријатија. Целта на Конфиндустрија е да ги претставува компаниите и нивните вредности во институциите на сите нивоа, за да придонесе за добросостојбата и развојот на општеството.
Силната страна на Конфиндустрија е нејзината мрежа: со главно седиште во Рим, 241 територијални и секторски трговски асоцијации, а од 1958 година и седиште во Брисел, Конфиндустрија, со текот на годините успеа да стекне уште поголема стратешка важност како референтна точка како за националниот, така и за Европскиот систем.
Конфиндустриjа Источна Европа
Конфиндустриjа Источна Европа (родена Confindustria Balcani) е основана во октомври 2010 година со цел да му понуди на италијанското претприемништво нов и транснационален пристап во балканската област.
Во текот на последната деценија, балканските земји кои долго време беа изоставени/запоставена, станаа главна дестинација на различни италијански компании кои ја избраа токму оваа област за развој на своите проекти во странство и затоа Конфиндустрија Источна Европа се претставува како колекционер на веќе постоечки италијански компании или оние кои се заинтересирани за овие области.
Confindustria Источна Европа ги обединува следните меѓународни претставништва на Confindustria во странство: